0_Спорт.ПорталSport.SlajderТенис

АТП го претстави натпреварувачкиот календар за почетокот на 2021 година

Тениската асоцијација на професионални тенисери на својата официјална веб-страница го претстави календарот на натпревари за првите два месеци од 2021 година.

Лондон, 17 декември 2020 (МИА) – Тениската асоцијација на професионални тенисери на својата официјална веб-страница го претстави календарот на натпревари за првите два месеци од 2021 година.

Квалификациите за Австралија опен ќе се одржат во Доха. Календарот на понатамошните натпревари ќе биде презентиран подоцна.

Поради пандемијата, АТП-250 турнирите во Оукленд, Њујорк и Пуна веќе се откажани.

АТП календар:
5-13 јануари: плажа Делреј, Анталија (Турција).
10-13 јануари: квалификации за Австралија опен, Доха (Катар).
31 јануари – 6 февруари: Мелбурн 1 (наместо Аделаида), Мелбурн 2 (Австралија).
1-5 февруари – АТП-куп Мелбурн (Австралија).
8-21 февруари – Австралија опен (Мелбурн). зс/

Таг
Back to top button
Close
Close