0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Атлетико сака да го продолжи договорот со Симеоне до 2024 година, тренерот е подготвен на помали примања поради кризата

Атлетико сака да го обнови договорот со главниот тренер на тимот Диего Симеоне.

Мадрид, 19 јануари 2021 (МИА) – Атлетико сака да го обнови договорот со главниот тренер на тимот Диего Симеоне.

Според „Ас“, клубот од Мадрид веќе го известил Аргентинецот дека има намера да го продолжи договорот до 2024 година. Тренерот, чиј тековен договор со клубот истекува во јуни 2022 година, е подготвен да потпише нов договор.

Клупски извори велат дека Симеоне, кој заработува 32 милиони евра годишно пред оданочување и е најплатен тренер во светот, е подготвен да ги намали финансиските барања со оглед на кризата со пандемијата на коронавирус.

Наталија Симеоне, агент и сестра на тренерот, наскоро ќе преговара за новиот договор.

Симеоне го презеде раководството на Атлетико во 2011 година. Под негово водство, клубот ја освои Ла Лига, Купот на Шпанија и Суперкупот, двапати ја освои Лигата на Европа и играше двапати во финалето на Лигата на шампионите. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close