0_Спорт.ПорталФудбал

Атлетико нема добиено понуди за Диего Коста

Атлетико не доби никакви барања за трансфер за напаѓачот Диего Коста, објави „АС“.

Мадрид, 20 септември 2020 (МИА) – Атлетико не доби никакви барања за трансфер за напаѓачот Диего Коста, објави „АС“.

Според шпанскиот портал, Атлетико сака да го продаде 31-годишниот напаѓач, надевајќи се дека на негово место ќе ги ангажира Луис Суарез или Единсон Кавани.

Минатата сезона во Ла Лига, Диего Коста одигра 23 натпревари на кои постигна пет гола и оствари четири асистенции.

Во Мадридскиот клуб Коста се врати од Челзи во 2017 година. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close