0_Спорт.ПорталФудбал

Атлетико може да го купи Лаказет од Арсенал

Напаѓачот на Арсенал, Александар Лазакет може да замине во Атлетико во летниот преоден рок, објави „Мундо Депортиво“.

Мадрид, 11 март 2020 (МИА) – Напаѓачот на Арсенал, Александар Лазакет може да замине во Атлетико во летниот преоден рок, објави „Мундо Депортиво“.

Според весникот, во договорот на 28-годишниот Французин со „топчиите“ постои клаузула која му дозволува на играчот да го напушти тимот во случај да не влезе во Лигата на шампиони.

Атлетико подолго време се интересира за Лаказет и верува дека напаѓачот значително ќе ја засили нападната линија на мадридскиот тим.

Во сезоната 2019/20, Лаказет има девет голови и три асистенции на 26 натпревари за Арсенал.

Порталот „Transfermarkt.com“ ја проценува вредноста на Французинот на 60 милиони евра. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close