0_Спорт.ПорталSport.SlajderКошарка

„Атлетик“: Новата сезона во НБА нема да започне пред 25 декември

Стартот на новата сезона во најсилната кошаркарска лига првично беше планиран за 1 декември.

Њујорк, 11 септември 2020 (МИА) – Новата сезона во НБА лигата нема да започне пред 25 декември, пренесува порталот „Атлетик“.

Стартот на новата сезона во најсилната кошаркарска лига првично беше планиран за 1 декември.

Сепак, се наведува дека тоа нема да се случи пред Божиќ.

Како што се додава, НБА ќе го премести и Драфтот за 2020 година, кој требаше да се одржи во јуни.

Тој беше преместен за 16 октомври, а потоа на 18 ноември, поради коронавирусот.

Со поместување на Драфтот од октомври во ноември, НБА и Сојузот на играчи ќе имаат време да направат некои измени и дополнувања на колективниот договор и договорите за плата за сезоната 2020/21, пренесува „ЕСПН“.

Тековната сезона во НБА, која беше прекината од март до јули, поради пандемијата на вирусот, во моментов е во завршна фаза.

Таг
Back to top button
Close
Close