0_Спорт.ПорталРезултатиФудбал

Аталанта продолжува со ефикасни игри

Најпријатното изненадување во италијанскиот фудбал оваа сезона, тимот на Аталанта синоќа забележа уште еден убедлив триумф совладувајќи ја Бреша со 6:2.

Бергамо, 15 јули 2020 (МИА) – Најпријатното изненадување во италијанскиот фудбал оваа сезона, тимот на Аталанта синоќа забележа уште еден убедлив триумф совладувајќи ја Бреша со 6:2.

За тимот од Бергамо ова беше 21 победа на 33 натпревари во Серија А.

Аталанта во моментов е втора на табелата со 70 бода, шест помалку од лидерот Јувентус и два повеќе од интер и Лацио.

Конкурентите на Аталанта за највисок пласман, своите средби од 33. коло ќе ги играат денес и утре. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close