0_Спорт.ПорталФудбал

АС: Конте ќе го напушти Интер и може да го предводи Реал

Тренерот на Интер, Антонио Конте ќе си замине од клубот од Милано.

Mадрид, 26 мај 2021 (МИА) – Тренерот на Интер, Антонио Конте ќе си замине од клубот од Милано.

Според шпански „АС“, 51-годишниот италијански фудбалски стручњак ќе го напушти клубот поради финансиските проблеми на „неро-аѕурите“.

Конте влегува во комбинација за тренерското место во Реал Мадрид доколку Зинедин Зидан го напушти „Кралскиот клуб“.

На 23 мај беше објавено дека Конте има намера да го напушти Интер поради несогласување со клупската трансфер политика. Под негово водство, Интер стана шампиони на Италија за прв пат по 11 години. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close