0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

„АС“: Барса сокриле дека имаат пет играчи со коронавирус

Сите играчи и тренери на шпанскиот гигант се тестираа за вирусот на почетокот на пандемијата и седум од нив се тестираа позитивно. Кај сите нив болеста била асимптоматска, а во повторените тестови - пред да се вратат на тренинг, немаше повеќе заразени.

Барселона, 2 јуни 2020 (МИА) – Петмина играчи на Барселона и двајца тренери имале коронавирусот, но клубот не ја објави оваа информација, според весникот „АС“.

Сите играчи и тренери на шпанскиот гигант се тестираа за вирусот на почетокот на пандемијата и седум од нив се тестираа позитивно. Кај сите нив болеста била асимптоматска, а во повторените тестови – пред да се вратат на тренинг, немаше повеќе заразени.

Во оваа фаза, не е јасно кои биле заразените, доколку овие информации воопшто се вистинити.

Барселона треба да се врати во Ла Лига на 13 јуни, кога се соочуваат со Мајорка.

Таг
Back to top button
Close
Close