0_Спорт.ПорталФудбал

Артета за заминувањето на Озил во јануари: Ако нешто се реши, тоа ќе биде во корист на двете страни

Главниот тренер на Арсенал, Микел Артета одговори на прашање во врска со можното заминување на играчот за врска Месут Озил во јануари.

Лондон, 7 јануари 2021 (МИА) – Главниот тренер на Арсенал, Микел Артета одговори на прашање во врска со можното заминување на играчот за врска Месут Озил во јануари.

– Ако нешто се реши овој месец, тоа ќе биде така што ќе биде корисно за обете страни. Ова треба да биде добро и за Месут и за неговата иднина, и за клубот. Ако е така, ќе продолжиме понатаму, ако не, играчот ќе остане тука. Знаеме дека имаме многу важен играч, клучен играч од изминатите сезони за Арсенал. Морав да донесам одлука [да не го вклучам Озил во пријавата за сезоната] и го донесов тоа. Бев свесен за последиците. Сега треба да донесеме друга одлука во јануари, рече тренерот.

Беше објавено дека 32-годишниот Германец може да замине во Фенербахче. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close