0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Артета: Сè уште сме далеку од она што го сакаме

Арсенал заврши осми минатата сезона со 43 поени заостанување зад Ливерпул, но ги доби своите први два натпревари во новата сезона.

Лондон, 20 септември 2020 (МИА) – Менаџерот на Арсенал Микел Артета е задоволен од добриот старт на сезоната за Арсенал, но тој самиот призна дека „топџиите“ имаат уште многу работа да завршат за да бидат меѓу претендентите за титулата во Премиер лигата.

Арсенал заврши осми минатата сезона со 43 поени заостанување зад Ливерпул, но ги доби своите први два натпревари во новата сезона.

– Ние сме многу далеку од она што сакаме да бидеме, но мислам дека во моментов нема менаџер во Премиер лигата кој е задоволен со апсолутно сè во својот тим. Летниот камп беше прекраток и се уште се прилагодуваме на некои работи. Некои играчи исто така не се 100 проценти подготвени, но добро е што започнуваме со шест бода. Секогаш мора да барате начин за победа, изјави Артета по победата над Вест Хем од 2-1.

Таг
Back to top button
Close
Close