0_Спорт.ПорталФудбал

Артета разочаран по поразот од Лестер

Тренерот на Арсенал, Микел Артета не може да се помири со поразот од Лестер вчеравечер во 6. коло на англискиот шампионат против Лестер.

Лондон, 26 октомври 2020 (МИА) – Тренерот на Арсенал, Микел Артета не може да се помири со поразот од Лестер вчеравечер во 6. коло на англискиот шампионат против Лестер.

– Многу сум разочаран, во првото полувреме сè беше во наши раце, и не знам како ни беше поништен нашиот гол. Тешко е да се создаде простор кога ривалот е со 10 луѓе во одбрана, но моравме подобро да го завршиме натпреварот. Кога станува збор за вакви натпревари, шансите не смее да се пропуштаат, потенцира Артета.

Арсенал загуби од Лестер со 1:0 и пропушти можност да се пробие во горниот дел на табелата во Премиер лигата.

„Топчиите“ се на 10.место со девет бода од шест натпревари. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close