0_Спорт.ПорталФудбал

Артета: Потенцијалот на Арсенал е неограничен

Тренерот на Арсенал, Микел Артета ја сумираше својата прва сезона со тимот и го сподели своето мислење за изгледите на „Топчиите“ во новото првенство.

Лондон, 21 август 2020 (МИА) – Тренерот на Арсенал, Микел Артета ја сумираше својата прва сезона со тимот и го сподели своето мислење за изгледите на „Топчиите“ во новото првенство.

– Како прво да ви кажам на сите, јас бев во можност да ги обединам сите – како персоналот, така и играчите. Им објаснив што размислував за нивната работа и зошто нешто не функционира во тимот. Ако сè остане исто, тогаш сè уште нема да има успех. Објаснив како ја гледам екипата и работа и со тек на време почнавме да добиваме нешто. Ние мора да ги идентификуваме сопствените слабости и јаки страни. Можеби имаме слабости што можат да бидат скриени, но не треба да има никакви слабости во структурата на клубот. Арсенал има голем, неограничен потенцијал. Сето тоа зависи само од нас, изјави Артета.

На крајот од сезоната 2019/20, Арсенал заврши на 8. место во англиската Премиер лига и го освои Националниот куп. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close