0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Артета по ремито со Славија: Сами сме виновни што не победивме

Тренерот на Арсенал, Микел Артета ги сумираше резултатите од натпреварот против Славија (1:1) одигран синоќа во четвртфиналето од Лигата на Европа.

Лондон, 9 април 2021 (МИА) – Тренерот на Арсенал, Микел Артета ги сумираше резултатите од натпреварот против Славија (1:1) одигран синоќа во четвртфиналето од Лигата на Европа.

– Играта беше под контрола. Го постигнавме голот на кој се надевавме, но испуштивме и одлични шанси многу порано да обезбедиме водство. Потоа не бевме внимателни и примивме гол во судиското надополнување. Славија е добар противник кој победи силни тимови. Тешко е против неа. Сега треба да го добиеме следниот натпревар. Нашата цел е да победиме, треба да дадеме гол на гости. Претходно, успеавме да постигнеме успех, но сега мора да го повториме, изјави Артета.

Реваншот е закажан за 15 април во Прага. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close