0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Артета: Мотивирани сме да победиме

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, зборуваше пред финалето на ФА Купот вечерва против Челси.

Лондон, 1 август 2020 (МИА) – Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, зборуваше пред финалето на ФА Купот вечерва против Челси.

„Не знам што ќе се случи, ова е финале. Јас сум фокусиран на мојот тим, сите сакаме да победиме. Две одлични екипи едни против други. Челси е навистина во добра форма, тие играат на високо ниво, но ние сме мотивирани да победиме. Како играч, Френк беше апсолутен врв. Сите овие години тој покажа голема упорност во еден ваков голем клуб. Неверојатен е. Јас многу го почитувам. Како тренер, тој покажа голема амбиција уште од Дарби, се чини дека знае да го мотивира својот тим. Мислам дека направи добра работа за време на оваа кампања, вели Шпанецот.

Тој додаде дека двајцата се млади, и двајцата сè уште учат и нема потреба да ги споредуваат со актуелните тренери на Ливерпул и Сити – Јирген Клоп и Пеп Гвардиола.

Таг
Back to top button
Close
Close