0_Спорт.ПорталФудбал

Артета го нарече финале реваншот со Бенфика

Тренерот на Арсенал, Микел Артета го оквалификува како финале денешниот реванш со Бенфика од осминафиналето во Лигата на Европа. Првата средба заврши нерешено 1:1.

Лондон, 25 февруари 2021 (МИА) – Тренерот на Арсенал, Микел Артета го оквалификува како финале денешниот реванш со Бенфика од осминафиналето во Лигата на Европа. Првата средба заврши нерешено 1:1.

– Голот на гости е секогаш важен, но во овој контекст не мислам дека е толку релевантен. Ова е второ полувреме, треба да се обидеме да победиме. Друга работа е што без навивачи, без нашиот стадион, мислам дека играта ќе биде многу тешка. Ова е навистина важен натпревар психолошки и во однос на самодовербата. Бенфика е навистина тежок противник. Ова е тим кој играше многу години во Лигата на шампионите. За нас мечот ќе биде финале, истакна Артета.

Натпреварот ќе се игра во Атина со почеток во 18:55 часот. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close