0_Спорт.ПорталФудбал

Артета: Ги поставивме темелите, ни требаат уште мали промени во составот

Тренерот на Арсенал, Микел Артета смета дека на лондонскиот клуб му се потребни уште неколку трансфери за да биде конкурентен за висок пласман.

Лондон, 9 мај 2021 (МИА) – Тренерот на Арсенал, Микел Артета смета дека на лондонскиот клуб му се потребни уште неколку трансфери за да биде конкурентен за висок пласман.

– На составот му требаат промени. Во декември веќе имаше многу промени, што не е направено со години, но тоа зборува многу за тоа каде бевме. Треба да се направат уште некои измени и сопствениците ќе го поддржат тоа. Сè уште сме во процес, во текот на изминатите неколку месеци поставивме многу цврсти столбови и темели за иднината, изјави Артета.

Арсенал по 34 кола во Премиер лигата се наоѓа на 10. место со 49 бодови.

Вечер од 20 часот „Топчиите“ се среќаваат со ВБА. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close