0_Спорт.ПорталФудбал

Артета ќе остане тренер на Арсенал и следната сезона

Главниот тренер на Арсенал, Микел Артета ќе остане на функцијата и следната сезона, објави на Твитер новинарот Фабрицио Романо.

Рим, 15 мај 2021 (МИА) – Главниот тренер на Арсенал, Микел Артета ќе остане на функцијата и следната сезона, објави на Твитер новинарот Фабрицио Романо.

Според него, управата на клубот го поддржува Артета и го планира следниот преоден рок и нови договори со него.

Оваа сезона Арсенал се наоѓа на деветтото место во Премиер лигата со 55 бода и ги загубија математичките шанси за пласман во топ 4. Така, тимот не се пласираше во Лигата на шампионите по петти пат по ред.

Во Лигата на Европа 2020/2021 „Топџиите“ беа елиминирани во полуфиналето од шпанскиот претставник Виљареал. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close