0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Артета е како професор, вели Мустафи

Причината за ова е што во секој момент Шпанецот точно знае што сака од играчите.

Лондон, 15 мај 2020 (МИА) – Централниот дефанзивец на Арсенал, Шкодран Мустафи го окарактеризира тренерот на тимот Микел Артета како професор.

Причината за ова е што во секој момент Шпанецот точно знае што сака од играчите.

Германецот тврди дека научил многу нови работи од Артета, и покрај тоа што поранешниот играч од средниот ред за прв пат влезе во улогата на менаџер.

– Тој е како професор. Тој точно знае каде сака играчите да ја контролираат топката и како да реагираат кога ќе ја загубат. Тој е многу посебен. Кога подавам, обично сум фокусиран на тоа каде треба да бидам ако изгубиме посед на топката, но тој сака и јас да придонесам офанзивно. Кога сте на 28 години и игравте во различни земји под различни тренери, мислите дека знаете сè. Но, тогаш тој се појави и научив работи што никогаш не сум ги знаел до моментот, рече Мустафи.

Таг
Back to top button
Close
Close