Политички партии

Арсовски: Епидемијата на непотизам наместо да се искорени, таа се уште се шири

 Епидемијата на непотизам наместо да се искорени како што вети Зоран Заев пред околу една година, таа се уште се шири и тоа повторно, со се позасилено темпо.

Скопје, 11 јануари 2020

Епидемијата на непотизам наместо да се искорени како што вети Зоран Заев пред околу една година, таа се уште се шири и тоа повторно, со се позасилено темпо.

Очигледен е личниот интерес кај функционерите од СДСМ, свесни дека ги чека пораз, побрзаа повторно да си ги довработат и доунапредат сите оние роднини што им останаа незгрижени со претходниот бран на непотизам.

Штип, како еден од главните примери за повторна зараза од епидемијата на непотизам е еден од водечките градови кој ги згрижува функционерите и роднините на функционерите на СДСМ.

Денеска, за пример ќе го земеме Јане Миланов кој инаку е претседател на Советот на Општина Штип. Денеска општината не е посветена на работа, и тоа сите гледаме, но дека Јане се посветил да си го згрижи целото семејство, тоа денес ќе имаат можност да го чујат сите граѓани.

Сопругата на Јане Миланов, претседателот на Советот на Општина Штип станала главна сестра на Физикална Терапија во Штип.

Ќерката на Јане Миланов според нашите информации, вклучувајќи го влијанието на каналите на Јане Миланов и градоначалникот Бочварски, станува главна во општинската организација на Црвен Крст.

Внукот од сестра на Јане Миланов е вработен во ЈП Исар, кое што е под директна надлежност на општината и Советот каде што е Јане Миланов е претседател.

Внукот од другата сестра на Јане Миланов, господинот Читкушев кој имаше приватна и сопствена ординација, по ново е вработен во Клиничката болница во Штип.

Најверојатно кај Јане Миланов уште домашните миленичиња останале незгрижени и најверојатно ќе ги згрижи идниот период.

Втор пример, поранешниот пратеник од СДСМ, Ален Ѓорѓиев, сегашен директор на Клиничката болница во Штип, каде што згрижува голем дел од роднините на другите функционери во Штип, за возврат него му ги вработиле жена му во средното училиште Јане Сандански во Штип, и неговата сестра во основното училиште „Тошо Арсов“.

Трет пример, сопругот на директорката од УЈП Штип, Ана Јаковчевска – Андонова е вработен во ЈП Стипион.

Очигледно, СДСМ се подготвува за паѓање од власт.

Непотизмот е појава која што тешко се искоренува во СДСМ.

Затоа јавно апелираме како ВМРО-ДПМНЕ Антикорупциската Комисија да ги следи овие наши излагања каде што објавуваме нови случаеви на непотизам и да преземе соодветни мерки. И да ги истражи и доколку се докаже дека навистина има влијание и непотизам од функционерите на СДСМ да преземе соодветни мерки.

За среќа на сите граѓани, сето ова ќе заврши на 12-ти април и конечно ќе отпочне обновата на Македонија која што ја руинираше Владата на СДСМ.

Новинарско прашање:Како го коментирате обвинението за 27-ми април бидејќи СДСМ велат дека со ова се докажало дека ВМРО-ДПМНЕ биле организатори на тој настан и за возилата во МВР за кои што техничкиот министер вели дека треба да се вратат, а како што рече денес само едно возило е вратено, останатите не?

Одговор на новинарско прашање: Не е прва ситуација и не е прва прилика СДСМ да е таа која што обвинува и осудува за било кој случај. Нашиот став во однос на случувањата за 27-ми април е ист и непроменет, тоа е дека се работи за обвинение кое што е од политички – мотивирачки цели се со цел да се оцрни одредена политичка структура од опозицијата.

Второто прашање беше во однос на возилата кои што беа побарани да се вратат, па се работи за повеќе десетици возила кои што се во сопственост и за потребите на МВР. Од она кое што го имаме како сознание, тие возила треба да ги користи МВР, а во моментов се користеле за лични цели на поединци односно за лични интереси и истите биле возени за приватни цели односно возени во своите домови после работното време. Затоа е побарано од страна на министерот да се вратат работите во нормала, согласно законите и прописите и да бидат повторно во функција на МВР кое што откога се задолжени од страна на трети лица тие коли, па МВР останало без возила.

Новинарско прашање: Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев за прв човек на СВР Скопје го предлага Ристе Ставревски. Јавноста го памети Ставревски од политичките бомби со Гордана Јанкуловска и со уште неколку случаи на СЈО. Кој е вашиот став, ова е на СДСМ?

Одговор на новинарско прашање: Разбираме СДСМ се исплашени од професионалноста на кадрите кои што ги назначува техничкиот министер предложен од ВМРО-ДПМНЕ, Наќе Чулев. Како што знаете Ристе Ставревски, лицето за кое што се говори е висок професионалец со богата кариера и искуство и тоа може да се види од неговата биографија бидејќи долги години наназад е во служба. Тој е професионалец, тој го поседува се уште и сертификатот за доверливи информации кој што е издаден во периодот додека бил претходниот министер, Оливер Спасовски и од она што сакам да го потенцирам е дека против господинот Ристе Ставревски не се води ниту една постапка, нема никакво обвинение и воопшто не се водело обвинение. Така да смешни им се сите обвинувања на СДСМ и повеќе од јасно е дека се исплашени од професионалноста и не се научени на професионален однос во институцијата МВР. Така да можам само да констатирам дека стравот кој што го имаат во моментов е страв кој што јасно покажува дека тие ќе бидат поразени на претстојните предвремени парламентарни избор

Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

______________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close