0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderОпштество

Арсова: Прекрасно е чувството да се искачиш на Винсон и да предизвикаш гордост кај целата нација

Прекрасно е чувството да ја достигнеш целта да се искачиш на врвот на планината Винсон на Антартикот, пред се заради самиот себе си, но уште повеќе кога со тоа ќе предизвикаш гордост кај целата своја нација, истакна денеска Илина Арсова на прес-конференцијата по повод нејзиното искачувањето на врвот на 27 декември минатата година.

Скопје, 10 јануари 2020 (МИА) – Прекрасно е чувството да ја достигнеш целта да се искачиш на врвот на планината Винсон на Антартикот, пред се заради самиот себе си, но уште повеќе кога со тоа ќе предизвикаш гордост кај целата своја нација, истакна денеска Илина Арсова на прес-конференцијата по повод нејзиното искачувањето на врвот на 27 декември минатата година.

Арсова е првата Македонка која се искачила на оваа планина, и со овој подвиг успеала да ги искачи сите највисоки седум врвови на седумте континенти на планетата Земја. Со ова, таа го комплетирала и проектот на Федерацијата на планинарските спортови на Македонија (ФПСМ) и Агенцијата за млади и спорт, „Седум самит“.

-Навистина посебно беше чувството кога пред завршување на седмиот врв и моето пристигнување во Скопје на аеродромот освен најблиските ме пречекаа и група планинари, мои пријатели, колеги на чело со професорот Угриноски кој воедно е и првиот Македонец кој стапнал на поларното тло на Антартикот во 2002 година. Се чувствував посебно. Сите тие луѓе на свој начин ме мотивираа да останам истрајна до завршување на оваа мисија, рече Арсова.

Најмногу и е драго, додаде Арсова, што еден ваков дострел, подвиг во планинарските спортови предизвикал големи рекации во јавноста и чувство на радост кај поширока јавност а не само кај планинарите.

– Навистина имаше бурни реакции на социјалните мрежи и во медиумите, имајќи в предвид дека сепак планинарските спортови не се најпопуларни спортови како ракометот и кошарка, кои имаат многубројна публика. Нашата публика е планината, сувата карпа и снегот. Нема кој да навива за нас кога сме таму. Ни останува кога ќе се вратиме преку фото и видео материјали да ви прикажеме, да успееме да доловиме мал дел од она што се случува на планината, а тешко е да се пренесе студот, лавините, опасноста и ризици кои не демнат постојано, не се гледа ниту на фотографија а тешко се доловува и на видео, појасни Арсова.

Таа истакна дека станува збор за еден многу предизвикувачки и комплексен спорт бидејќи вклучува сегменти од повеќе спортови, дисциплини и вештини кои планинарот треба да ги поседува, за да биде член на една експидиција и за да постигне високо и гордо достигнување.

-Освен планинарење, ние треба да знаеме да качуваме карпа, да имаме познавање од алпинизам, но треба да знаеме да ракуваме со опрема за извлекување и спасување, да ракуваме со јажиња и опрема за обезбедување, треба да познаваме прва помош, дотолку да може да си укажеме на себе си или на партнерот. Треба да познаваме и лавинологија, метерологија, топографија, геоморфологија..

Планинарот, според Арсова, мора да се приспособи на екстремни услови за живот, а споредбено со другите спортови, утакмицата на планинарите како што рече, трае со денови или месеци на повисоките планини. До 53 дена се движат на висина над три илјади метри. Тоа се услови за кои како што рече, нашето тело не е создадено да живее и нормално да функционира.

-Згора на се, тоа се случува во услови кои се изолирани по неколку дена од каква било безбедност, и сме исложени на ризици кои не зависат од самите нас. Тоа е главнипт предизвик, бидејќи треба со денови да се издржи надвор од комфор зоната. Колку и да сме ние физички спремни, колкава е таа комплексност што ја содржат нашите спортови, рече Арсова.

Претседателот на Федерацијата на планинарските спортови на Македонија, (ФПСМ), Јовица Угриновски во свое обраќање на прес-конференцијата истакна дека заслугата е индивидуална, односно е нејзина, таа самата знае колку напор, желба, љубов, време, а и пари се потребни за да се оствари целиот проект.

-Не само Федерацијата, туку и Агенцијата за млади и спорт ја препозна оваа значајност и комплетно застана зад овој проект. Проектот не ќе можеше да биде остварен доколку не наидовме на комплетно разбирање од Агенцијата која што понесе лавовски дел од финансирањето на оваа експедиција, рече Угриновски. бт/дма/

 

Back to top button
Close
Close