0_Спорт.ПорталФудбал

Арсенал за првпат во историјата нема освоено бод, ниту дадено гол во првите две кола од сезоната

Челзи го победи Арсенал со 2:0 на гостински терен во дербито на второто коло од Англиското фудбалско првенство. Екипата предводена од Микел Артета е рангирана на 19 место без бодови. Покрај тоа, Арсенал нема постигнато ниту еден гол оваа сезона.

Лондон, 22 август 2021 (МИА) – Челзи го победи Арсенал со 2:0 на гостински терен во дербито на второто коло од Англиското фудбалско првенство. Екипата предводена од Микел Артета е рангирана на 19 место без бодови. Покрај тоа, Арсенал нема постигнато ниту еден гол оваа сезона.

Ова е нов анти-рекорд за тимот, кој ја поминува својата 118 сезона во највисоката дивизија на англискиот фудбал.

За Микел Артета ова е 20. пораз како главен тренер на „Топџиите“. Вкупно, тој помина 60 натпревари во Премиер лигата на оваа позиција.

Вреди да се одбележи дека Арсен Венгер, кој го водеше тимот од 1996 до 2018 година, го претрпе 20. пораз во шампионатот во 116. натпревар.

Во следното коло, Челзи ќе игра против Ливерпул на гостински терен на 28 август, додека Арсенал истиот ден ќе игра на гости кај Манчестер сити. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close