0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Арсенал со првиот трансфер-потег кај големите клубови во Премиер лигата

Арсенал е првиот топ-тим во Премиер лигата што направи специфичен трансфер-потег. Според медиумите на Островот, од лондонскиот тим веќе „ставиле на маса“ 43,5 милиони фунти за играчот од средниот ред на Атлетико Мадрид, Томас Партеи.

Лондон, 15 април 2020 (МИА) – Иако сè уште не е јасно кога ќе отвори прозорецот за трансфери ова лето, многу големи клубови не се загрижени за финансиската состојба и веќе размислуваат за тоа како да ги зајакнат своите тимови.

Арсенал е првиот топ-тим во Премиер лигата што направи специфичен трансфер-потег. Според медиумите на Островот, од лондонскиот тим веќе „ставиле на маса“ 43,5 милиони фунти за играчот од средниот ред на Атлетико Мадрид, Томас Партеи.

Точно толку е и клаузулата за ослободување во договорот за интернационалецот од Гана со „јорганџиите“.

Арсенал бара да ги надмине останатите кандидати за Партеи, кој исто така е посакуван од Рома, Интер и Манчестер јунајтед.

Атлетико се обидува да го убеди играчот од средниот ред да потпише нов договор, иако неговиот сегашен истекува за три години. Целта на шпанскиот тим е да вклучат нова клаузула за ослободување, која е многу поголема од сегашната.

Таг
Back to top button
Close
Close