0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Арсенал со прв успех по враќањето на Премиер лигата

Двата гола на „топџиите“ паднаа по сериозни грешки на голманот на домаќините Алекс Мекарти.

Лондон, 25 јуни 2020 (МИА) – Арсенал ја оствари својата прва победа по обновувањето на Премиер лигата – 2:0 како гостин на Саутемптон.

Двата гола на „топџиите“ паднаа по сериозни грешки на голманот на домаќините Алекс Мекарти.

Во 20-тата минута Еди Нкетиа донесе предност на тимот на Артета, а во 87-та минута Џо Вилок ги доврши „светците“.

Така, Арсенал ја премина низата од два последователни порази и сега е на 9-то место со 43 поени, шест зад 5-тиот Манчестер Јунајтед.

Саутемптон се на 14-то место со 37.

Таг
Back to top button
Close
Close