0_Спорт.ПорталСпорт.СлајдерФудбал

Арсенал се пласира во четвртфиналето на ФА-купот

Сократис Папастатопулос им донесе предност на „топчиите“ во дополнителното време во првото полувреме, а 20-годишниот Еди Нктиа го оформи конечниот резултат во 51. минута.

Портсмут, 3 март 2020 (МИА) – Арсенал го совлада Портсмут со 2:0 како гостин на „Фраттон Парк“ и се квалификува во четвртфиналето на Купот на фудбалската асоцијација.

Сократис Папастатопулос им донесе предност на „топчиите“ во дополнителното време во првото полувреме, а 20-годишниот Еди Нктиа го оформи конечниот резултат во 51. минута.

За време на натпреварот беше повреден играчот од средниот ред на „топчиите“, Лукас Тореира. Тоа се случи по судирот со дефанзивецот на Портсмут, Џејмс Болтон. Судијата Мајк Дин сепак не виде прекршок во ситуацијата. Тореира беше изведен на носилки и беше заменет со Дани Себаљос.

Така, Арсенал влезе во четвртфиналето на турнирот, а Портсмут го заврши своето учество. Лондонскиот клуб е рекордер по бројот на трофеи во ФА-купот, откако има 13 во своите витрини.

Таг
Back to top button
Close
Close