0_Спорт.ПорталРезултатиФудбал

Арсенал постигна два гола за 3 минути и се пласираше во осминафиналната фаза на ЛЕ

Така, „топџиите“ завршија на првото место во пласманот со 11 поени. Ајнтрахт (Франкфурт) заврши на второто место со 9, а Стандард заврши со 8 поени и беше елиминиран.

Лиеж, 12декември 2019 (МИА) – Два доцни гола во траење од три минути, дело на Александре Лаказет и Букајо Сака, му донесе на Арсенал нерешено 2:2 на гостувањето кај Стандард (Лиеж) на последниот натпревар во групата „Ф“ во Лигата на Европа.

Така, „топџиите“ завршија на првото место во пласманот со 11 поени. Ајнтрахт (Франкфурт) заврши на второто место со 9, а Стандард заврши со 8 поени и беше елиминиран.

Арсенал не успеа да обезбеди пласман уште во минатото коло кога дозволија пораз на домашен терен од Ајнтрахт. Сепак, „топчиите“ ја држеа судбина во свои раце и ризикуваа да загубат само доколку бидат поразени со пет или повеќе голови разлика.

Се разбира, тоа тешко можеше да се случи, а привремениот менаџер Фредрик Љугнберг си дозволи да им даде одмор на речиси сите носители.

Од поискусните играчи, само Давид Луис, Сократ и Александре Лаказет беа меѓу стартните 11.

Резултати од Лига Европа:

Група А:

АПОЕЛ Никозија – Севиља 1:0
Карабак – Дуделанж 1:1

Група Б:

Динамо Киев – Лугано 1:1
ФК Копенхаген – Малме 0:1

Група Ц:

Базел – Трабзонспор 2:0
Хетафе – Краснодар 3:0

Група Д:

ЛАСК – Спортинг Лисабон 3:0
ПСВ Ајндховен – Розенборг 1:1

Група Е:

ЦФР Клуж – Селтик 2:0
Рен – Лацио 2:0

Група Ф:

Ајнтрахт Франкфурт – Виторија Гимараеш 2:3
Стандард Лиеж – Арсенал 2:2

Таг
Back to top button
Close
Close