0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Арсенал купи дефанзивец на Лил за 25 милиони евра

Лондонскиот клуб не објави времетраење на договорот. Плановите на менаџерот Микел Артета се да формира борбен пар во одбраната со друг талент - Вилијам Салиба.

Лондон, 1 септември 2020 (МИА) – Арсенал ги стекна правата на централниот дефанзивец на Лил – Габриел. 22-годишниот дефанзивец пристигнува на „Емирати“ за 25 милиони евра, а договорот може да се искачи на 30 милиони со бонуси.

Лондонскиот клуб не објави времетраење на договорот. Плановите на менаџерот Микел Артета се да формира борбен пар во одбраната со друг талент – Вилијам Салиба.

Габриел е втор Бразилец во изборот на „топџиите“ за оваа сезона, откако Вилијан дојде во клубот со слободен трансфер.

– Габриел има многу квалитети што ќе не направат силни во одбрана. Во Лил, тој се покажа како дефанзивец со многу импресивни квалитети. Едвај чекам да видам како ќе расте како играч на Арсенал, изјави менаџерот Артета.

Таг
Back to top button
Close
Close