0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Арсенал има намера да се жали за исклучувањето на Луиз на мечот со Вулверхемптон

Арсенал ќе поднесе жалба за црвениот картон на дефанзивецот Давид Луиз на вчерашниот меч од 22. коло во Англија против Вулверхемптон (1:2).

Лондон, 3 февруари 2021 (МИА) – Арсенал ќе поднесе жалба за црвениот картон на дефанзивецот Давид Луиз на вчерашниот меч од 22. коло во Англија против Вулверхемптон (1:2).

Според „Гол“, во таборот на „топџиите“ се уверени дека фудбалерот се обидел да избегне контакт со напаѓачот на „волците“, Вилијан Хозе, во неговиот шеснаесетник во 45+3. минута од средбата. Забележано е дека лондонскиот клуб ја анализирал ситуацијата неколку пати и е пред поднесување протест, бидејќи не верува дека Луиз ги прекршил правилата.

После натпреварот против Вулверхемптон на 2 февруари, главниот тренер на Арсенал, Микел Артета, рече дека ја гледал снимката 10 пати и не видел повреда на правилата од страна на неговиот дефанзивец. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close