0_Спорт.ПорталРезултатиФудбал

Арсенал има четири порази и само една победа на последните шест натпревари во Премиер лигата

Тимот на Арсенал се наоѓа во сериозна резултатска криза, а тоа се потврди и вчеравечер кога „топчиите“ загубија на домашен терен од Вулверхемптон со 2:1.

Лондон, 30 ноември 2020 (МИА) – Тимот на Арсенал се наоѓа во сериозна резултатска криза, а тоа се потврди и вчеравечер кога „топчиите“ загубија на домашен терен од Вулверхемптон со 2:1.

Претходно Арсенал загуби од Астон Вила (3:0), Лестер (1:0) и Манчестер сити (1:0), со Лидс ремизираше (0:0), а го победи само Манчестер јунајтед (1:0).

За избраниците на тренерот Микел Артета ова е четврти пораз на последните шест натпревари од Премиер лигата, со само една победа во овој период.

Во следното коло, Арсенал ќе играат на гости против Тотенхем, лидерот во Премиер лигата. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close