0_Македонија.ПорталKultura.SlajderКултураКултура.Портал

Археолошкиот локалитет Могила во Делчевско уништен од диви копачи

Археолошкиот локалитет Могила во Делчевско уништен од диви копачи. Копањето прв го забележал поранешниот жител на Косово Дабје, Крум Николовски кој при копањето се користени и машини при што уништувањето на локалитетот е огромно. 

Делчево, 27 февруари 2021 (МИА) – Археолошкиот локалитет Могила во Делчевско уништен од диви копачи. Копањето прв го забележал поранешниот жител на Косово Дабје, Крум Николовски кој при копањето се користени и машини при што уништувањето на локалитетот е огромно.

– Ова што е направено е практично уништување на локалитетот. Начинот на кој се истражува е друг, а начинот на кој се истражува за евентуално злато или вредни артефакти е овој пример. Со уништувањето сега е упропастено и дополнителното истражување оневозможено, вели Николовски.

За регистрираниот локалитет Могила меѓу мештаните познат како Магилка, кој се наоѓа под селото Косово Дабје во Шопско маало, Николовски додава дека истражувања се вршени во 2001 година, но, како што додаде, најверојатно поради немање доволно финансиски средства истражувањето е прекинато поради што локалитет е нападнат од „археолози” кои вршат ископувања со машини.

– Луѓето кои тогаш вршеа истражувања велеа дека најверојатно се работи за гробница на некој тогашен богат човек. Втората варијанта е дека местото било патоказ кој означувал каде се наоѓаат патиштата. Могилата инаку е во огромни размери, можеби сигурно има пречник 20 метри во основа и висината 7,8 метри. Сега во неа еве што е останато, додаде Николовски покажувајќи кон големата дупка предивикзна од машинскиот ископ на локацијата.

Според Николовски, кој го познава теренот бидејки потекнува од Косово Дабје, за изградба на Могилата е користена „црвена” земја, глина Иловица, која ја нема во околината таа ја нема, а со коњи и магарина во кошари се носени и речни камења од блиската река Брегалница.

– Могилата се наоѓа непосредно до река Брегалница спроти село Очипала. Се зборува дека уште пред 1000 години и повеќе овде поминувал пат, на реката имало дрвен мост, а патот идел од кај Виница овде кај преслапот продолжува кај Ветрен, а оттаму за Велбушт, Пауталиа, како што некогаш се викал Ќустендил во Бугарија. За доаѓање до овде се користи стариот пат Берово – Штип и на едно 300-400 метри лево од патот Делчево – Штип се наоѓа археолошкиот локалитет Могила или по пијанечки Магилка, додава Николовски.

Територијата на Пијанец, дополни Николовски, е честа мета на копачи на злато, што се потврдува со повеќе случаи од минатото. Во последниот пред неколку години при ископот на Тунел во село Бигла неколку видни личности кои учествуваа во ископувањата добија кривични пријави.

-Тогаш тие вршеа археолошко ископување во тунел, што е несфатливо да се врши истражување во тунел кој е правен 1941 година, мислам дека и кривично одговараа. Јас не верувам дека било кој во тунел ќе остава богатство, дали ќе биде злато или археолошки артефакти. Меѓутоа луѓето се понесени од разни приказни и веруваат. Исто и пред десетина години овде имаше диво копање, но беше рачно, меѓутоа ова сега  е вршено со голем ровокопач со што местото е претворено во споменик на некултурата, додава Николовски.

Веднаш по уништувањето археолошкиот локалитет го посети и делчевскиот археолог Перица Синадиновски кој неодамна учествуваше во истражување на локалитетот Ограѓе, кај скопското село Орман. Потврудвајќи го констатираното уништување на локалитетот Могила, Синадиновски успеа да пронајде мали делови од артефакти од керамика за кои дополнително ќе се утврдува од кога датираат.

Претходно во близина на оваа локација биле забележани диви копачи пред десетина години во близина на ранохристијанска црква која се наоѓа на 3 километри јужно од местото Могила. в.с/цр

 

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close