Дописници МКДОпштински вести

Арбен Думани назначен за началник на ОВР Дебар

Со решение на досегашниот министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, за началник на Одделението за внатрешни работи во Дебар вчера беше назначен Арбен Думани.

Дебар, 3 јануари 2019(МИА) – Со решение на досегашниот министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, за началник на Одделението за внатрешни работи во Дебар вчера беше назначен Арбен Думани.

Тоа согласно новата систематизација на МВР, а во рамки на реорганизацијата на полициските станици. Одделенито за внатрешни работи во Дебар и понатаму ќе работи во рамки на Секорот за внатрешни работи-Охрид.

Триесетиосумгодшниот Думани е дипломиран правник а во МВР е од 2002 година.

Во досегашнот негов ангажман тој бил заменик командир во Полициската станица од општа надлежност во Дебар, која со својата активност ја покрива и општина Центар Жупа. Исто така бил командир на полициското одделение за безбедност во сообраќајот во дебарската полициска станица.

Думани е роден во Дебар.

Командир на Полициската станица од општа надлежност во Дебар останува  Аргетим Војника (35), кого Советот на општина Дебар го избра во средината на јули минатата година.вт/ир

Таг
Back to top button
Close
Close