Svet.SlajderБалканБалкан.ПорталДописници Свет

Апостолова: Косово може да очекува до 160 милони евра помош од ЕУ за справување со коронавирусот

Шефицата на Канцеларијата на Еропската унија во Приштина Наталија Апостолова најави дека Косово може да очекува помош од Брисел за справување со епидемијата на Ковид-19 во висина од 160 милиони евра, јави дописникот на МИА од Приштина.

Приштина, 6 април 2020 (МИА) – Шефицата на Канцеларијата на Еропската унија во Приштина Наталија Апостолова најави дека Косово може да очекува помош од Брисел за справување со епидемијата на Ковид-19 во висина од 160 милиони евра, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во објава на Твитер по денешните разговори со косовската министерка за економија Розета Хајдари и министерот за финансии Бесник Бислими, Апостолова најави дека помошта може да се реализира во наредните два до шест месеци.

– Разговарав денеска со министрите Розета Хајдари и Бесник Бислими за натамошната поддршка од ЕУ за Косово за справување со Корона-19. До 160 милиони евра можат да бидат достапни за Косово од ЕУ во наредните два до шест месеци преку макро-финансиска поддршка, поддршка на буџетот и ИПА-грантови за поддршка на приватниот сектор, земјоделството и олеснувањето на немаштијата, напиша Апостолова.иа/сд/.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close