Дописници МКДОпштински вести

Јапонска донација од 40 178 евра за Општина Градско

Пред седиштето на Општина Чашка денеска се одржа свечена церемонија на која присуствуваше Такахаши Сатору заменик шеф на Мисијата на Амбасадата на Јапонија во земјава и градоначалникот на Општина Градско Роберт Бешовски, а по повод успешно завршениот проект  на програмата за  мали грантови GGP. За Општина Градско беше обезбеден  нов трактор со дополнителна механизација вреден 40 178 евра, а преку проект за подобрување на основните јавни услуги.

Велес 7 мај 2021 (МИА) – Пред седиштето на Општина Чашка денеска се одржа свечена церемонија на која присуствуваше Такахаши Сатору заменик шеф на Мисијата на Амбасадата на Јапонија во земјава и градоначалникот на Општина Градско Роберт Бешовски, а по повод успешно завршениот проект  на програмата за  мали грантови GGP. За Општина Градско беше обезбеден  нов трактор со дополнителна механизација вреден 40 178 евра, а преку проект за подобрување на основните јавни услуги.

Во име  на јапонскиот народ,Такахаши Сатори изрази благодарност  до граѓаните на Градско за нивното пријателство.

Градоначалникот на Општина Градско  Роберт Бешовски  искажа благодарност до јапонскиот народ и јапонската Амбасада  за донацијата и укажаната помош.

-Помошта пристигна во вистинскиот момент затоа што возниот парк на нашето јавно комунално претпријатие  беше во незавидна состојба со амортизирани возила кои не ги задоволуваа потребите и динамиката на работата.Со набавката на возилото во многу се подобрија условите за работа,што резултира си ефикаснот и заштеда на време и средства, потенцира Бешовски.

Инаку тракторот во Општина Градско  пристигна изминатота зима и беше предаден на  користење ЈКП „Клепа“ кое веќе го  користеше за чистење на наноси од снег, а овие денови и за расчистување на вегетацијата покрај патот, како и и за отстранување на дефекти во водоводната и канализациона мрежа,информира  Златко Арсов директор на ЈКП „Клепа“ од Градско.

За време на посетата во просториите на Општина Градско на средбата Такахаши и Бешовски тие одржаа краток  состанок на кој одлучија за зајакнување на идната соработка помеѓу Амбасадата на Јапонија и Општина Градско.

Во рамки на програмата за мали грантови  GGP,Јапонија финансира  проекти за реновирање и обезбедување опрема за повеќе од 70 училишта  и 57 здравствени установи во земјава како и 31 возило за одржување  и комунални возила за 49 општини во земјава.ад/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close