Svet.SlajderСветСвет.Портал

Јапонија се подготвува за воведување на 6Г мрежа

Јапонската Влада одлучи да почне со подготовки за воведување на мобилната мрежа од шестата генерација ( 6Г), со намера оваа ултрабрза мрежа во Јапонија да почне со работа во 2030 година. 

Токио, 21 јануари 2020 (МИА) – Јапонската Влада одлучи да почне со подготовки за воведување на мобилната мрежа од шестата генерација ( 6Г), со намера оваа ултрабрза мрежа во Јапонија да почне со работа во 2030 година.
За таа цела е формиран стручен совет во кој се наоѓаат технички експерти, претставници на приватните компании и надлежните јавни установи, на кои задача ќе им биде да разработат комплексна стратегија за премин кон новиот формат.
Комуникацискиот систем од петтата генерација (5Г) пролетва ќе биде воведен во широка употреба во Јапонија. Во овој сегмент земјата заостанува зад САД и Јужна Кореја, каде употребата на 5Г веќе почна.
Јапонските медиуми наведуваат дека владата во соработка со стопанството сака да го надомести ова доцнење и да ја преземе водечката улога во преминот кон уште побрзиот и посигурен систем, од шестата генерација.
Широката употреба на системот 6Г особено се очекува во автономните возила без возачи. сд/

Back to top button
Close
Close