0_Спорт.ПорталОстанатоСпорт.СлајдерФОТО ЗА ПРЕВЕДУВАЧИ

Јапонија постави рекорд во освоени златни медали на Олимпијадите

Репрезентацијата на Јапонија на домашната Олимпијада постави рекорд во освоени златни медали. Спортистите на оваа земја освоија 17 златни медали до денес, најмногу во историјата на Игрите.

Токио, 30 јули 2021 (МИА) – Репрезентацијата на Јапонија на домашната Олимпијада постави рекорд во освоени златни медали. Спортистите на оваа земја освоија 17 златни медали до денес, најмногу во историјата на Игрите.

Ова е еден медал повеќе од претходното постигнување што го оствари јапонскиот тим на Игрите во Токио во 1964 година и 2004 година во Атина.

Во моментов, Јапонија е на второто место во пласманот за златни медали на Олимписките игри во Токио. Само репрезентацијата на Кина е пред Јапонците, која има 18 најсјајни одличја. Следуваат репрезентациите на САД со 14 и Русија со 10 злата. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close