СветСвет.ПорталСвет.Слајдер

Јапонија од крвната плазма на рековалесценти развива лек за коронавирус

Јапонската фармацевтска компанија „Такеда“ соопшти дека развива лек за Ковид-19, што е дериват од крвната плазма, додавајќи дека преговара со властите во Европа, САД и Азија за соработка во истражувањето.

Токио, 4 март 2020 (МИА) – Јапонската фармацевтска компанија „Такеда“ соопшти дека развива лек за Ковид-19, што е дериват од крвната плазма, додавајќи дека преговара со властите во Европа, САД и Азија за соработка во истражувањето.

Болеста, која е слична на грип, досега усмрти над 3.000 лица ширум светот, а заразени се над 90.000 лица.

Јапонскиот производител на лекови работи врз лекот што е дериват на крвната плазма со која се лекувале заболени со висок степен на ризик. За плановите во текот на денот ќе бидат информирани и конгресмените во американскиот Претставнички дом.

Во моментов се разговара со здравствените власти, регулаторите и партнерите во секторот за здравствена заштита во Европа, САД и Азија да се забрза работата за изработка на лекот.

Истражувањето бара пристап до крвта на рековалесцент од Ковид-19, односно вакцинирани лица откако вакцината ќе биде развиена, додаваат од „Такеда“.

Од компанијата порачуваат и дека се обидуваат да утврдат дали можат нивните постојни лекови, односно тие што сега ги развиваат, да бидат користени за лекување на коронавирусот.

-Ќе направиме се што е во наша моќ за да ја отстраниме заканата што ја претставува новиот коронавирус (….) и се надеваме дека ќе успееме да ја прошириме можноста од лекување, изјави Раџев Венкаја, шеф на оделот за вакцини во „Такеда“.сд/

Back to top button
Close
Close