СветСвет.Портал

Јапонија ќе испрати авион во Вухан за да врати 200 свои државјани

Јапонија денеска ќе испрати чартер лет кон централниот кинески град Вухан за да врати околу 200 граѓани, соопшти Владата во Токио.

Токио, 28 јануари 2020 (МИА) – Јапонија денеска ќе испрати чартер лет кон централниот кинески град Вухан за да врати околу 200 граѓани, соопшти Владата во Токио.

Владата, исто така, ќе испрати доктори, медицински сестри и службеници за карантини со цел јапонските државјани да бидат прегледани во авион, соопшти Министерството за здравство.

Предвидено е авионот да се врати во Јапонија во среда, изјави министерот за надворешни работи Тошимитсу Мотеги.

Со оглед на тоа што вкупно 650 Јапонци од Вухан сакаат да се вратат во својата земја, јапонската Влада ќе испрати повеќе летови за да ги однесе дома, информира Мотеги. јт/

 

Таг
Back to top button
Close
Close