0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Јапонија ја повлече својата апликација за организација на Светското фудбалско првенство за жени во 2023 година

Фудбалската федерација на Јапонија ја повлече кандидатурата за организација на женскиот фудбалски Мундијал во 2023 година.

Токио, 22 јуни 2020 (МИА) – Фудбалската федерација на Јапонија ја повлече кандидатурата за организација на женскиот фудбалски Мундијал во 2023 година.

Одлуката е под влијание на ситуацијата со пандемијата на коронавирус. Според првичниот план, натпреварите во Јапонија требаше да се одржат во неколку големи градови, вклучувајќи ги Токио, Осака и Кјото.

ФИФА ќе го избере местото за женско СП 2023 година на 25 јуни.

Во игра за домаќин на планетарниот собир останаа Колумбија и Австралија со Нов Зеланд кои поднесоа и заедничка апликација.

Турнирот во 2023 година ќе биде првиот на кој ќе учествуваат 32 женски репрезентации. зс/

 

 

Таг
Back to top button
Close
Close