СветСвет.Портал

Јапонец намерно ширел Ковид-19

Маж од јапонскиот град Гамагори, откако открил дека е заразен со новиот коронавирус, одлучил да го шири, пишува британски „Индепендент“.

Токио, 8 март 2020 (МИА) – Маж од јапонскиот град Гамагори, откако открил дека е заразен со новиот коронавирус, одлучил да го шири, пишува британски „Индепендент“.

Иако немал никакви симптоми на вирусот, тој бил тестиран затоа што неговите родители се разболеле и било открило дека е заразен, поради што му било советувано да остане дома сè додека не биде сместен во здравствена установа. Меѓутоа, наместо да замине во изолација, тој решил да оди во локалните барови и на еден член на семејството му кажал дека ќе го шири вирусот.

Прво се возел со такси и отишол во еден бар, а потоа отишол во друг каде се напил неколку пијалаци и јадел, а во напад на искреност, му признал на еден гостин дека има коронавирус.

Загрижениот граѓанин тогаш ги предупредил вработените во кафулето, кои веднаш повикале епидемиолози, а набргу пристигнале и полицајци во заштитни одела, но заразениот човек веќе си отишол дома со такси.

Еден ден подоцна тој бил ставен во карантин, а двата барови биле дезинфицирани и нивниот персонал бил испратен на тестирање.

Градоначалникот на Гамагори, Тошијаки Сузуки им се извини на граѓаните, посочувајќи дека е тажно што човекот не останал дома и не се придржувал до лекарските совети. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close