ОТС

Аплицирај за „МАГИС“ стипендија во Меѓународното училиште „Маариф“

Број на објава: 661/05/21
Датум: 19.05.2021
Клучни зборови: Меѓународното училиште „Маариф“

Скопје, 19 мај 2021година – Меѓународното училиште „Маариф“, неодамна ја претставија наставата, училиштата и раните уписи за учениците за време на „Отворени денови“ онлајн.
Земјаќи ги во предвид сите мерки кои се уште не овозможуваат разгледување на училиштата и информирање лично во поголеми групи – „Маариф“ се послужи со модерната технологија на онлај прикажување.

Изминатата недела Меѓународното училиште „Маариф“ во два наврати го претстави своето училиште, односно одделот на градинка, основно и средно училиште. Бидејќи родителите немаа прилика со своите деца да го посетат лично и да се информираат, онлајн презентацијата беше комплетно срочена за секој заинтересиран родител, и ученик да може да добие јасна слика за каква настава и бенефит станува збор.
За време на „Отворените денови“, учениците имаа можност да се информираат за раната регистрација која трае до 31ви мај и е со 5% попуст на целокупната стипендија, како и за приемнот испит за средношколците познат како „Магис“.
Оваа година приемниот испит учениците го полагаат на 22ри мај, во кампусот на Меѓународното училиште „Маариф“ во Брвеница, Тетово и во новиот објект во Скопје – Американскиот Универзитет на Европа-ФОН. Воедно овој приемен испит е и одлична можност за добивање на целосна стипендија во училиштето.
Квалитетниот кадар и можноста за учење на повеќе јазици, како и меѓународно признаена диплома, се само неколку од бенефитите кои се истакнати во училиштето.

Инаку познато е дека за сега училиштето функционираше само на територија на Тетово, односно во кампусот се наоѓаат градинката, основното и средното училиште, додека има и градинка во Скопје. Но, неодамна турската фондација  „Маариф“ реши да ја прошири својата едукација и на територијата на главниот град, Скопје, склучувајќи договор за купување на дел од студентскиот кампус на Американскиот Универзитет на Европа-ФОН.

Во продолжение погледнете во видеото на „Отворени Денови“ во Меѓународното училиште „Маариф“.

 

МИА – ОТС Комерцијални соопштенија 

Напомена: Оригинален текст. За содржината е одговорен нарачателот.

Таг
Back to top button
Close
Close