0_Македонија.ПорталДописници МКДПолитика

Апел од Спасовски да се пласираат вистински информации околу состојбата со корона вирусот

Премиерот Оливер Спасовски од Попова Шапка денеска апелираше да се пласираат вистински информации околу состојбата, превенцијата или евентуалното справување со корона вирусот.

Тетово, 26 февраури 2020 (МИА) – Премиерот Оливер Спасовски од Попова Шапка денеска апелираше да се пласираат вистински информации околу состојбата, превенцијата или евентуалното справување со корона вирусот.

– Многу важно е да има вистински информации, да се пласираат, апелирам во однос на овие случаи на евентуална појава на корона вирус да се земаат информации од официјални институции, Министертвото за здравство и крзниот штаб. Тие имаат задача да ја информираат јавноста целодневно неколку пати. Одговорност треба да покажат сите. Тоа е нешто сите не засега и не загрижува, истакна Спасовски.

Според него иснтитуциите на системот функционираат во полн капацитет.

– Кризниот штаб што го раководи министерот за здравство ги има направено сите мерки за подготовка за евентуално откривање некаков случај. Посакуваме да не се случи. Превентивни мерки се преземени, рече претседателот на Владата. ас/цр/

Back to top button
Close
Close