Дописници МКДОпштински вести

Апел до гевгеличани за заштита од пожари во летниот период

Општина Гевгелија денеска упати апел до граѓаните, особено во периодот кога дневните температури се движат по нагорна линија, да внимаваат при посета на шумите или други пошумени или обраснати локации со препорака да не користат запаливи материи кои можат да предизвикаат пожар.

Гевгелија, 3 јули 2020 (МИА) – Општина Гевгелија денеска упати апел до граѓаните, особено во периодот кога дневните температури се движат по нагорна линија, да внимаваат при посета на шумите или други пошумени или обраснати локации со препорака да не користат запаливи материи кои можат да предизвикаат пожар.

Предупредување е упатено и до граѓаните кои патуваат со автобуски или железнички превоз,да не фрлаат догорчиња преку прозорците кои исто така може да бидат причина за предизвикување на пожар.

Лицата кои во периодот на високи дневни температури мораат да изведуваат работни активности во поле се предупредени, особено кога вршат палење на стрништата на нивите, да ги зголемат мерките на внимателност и заштита од пожари.

-Граѓаните доколку забележат сомнителна ситуација на појава на оган или чад, веднаш да пријават и да ги известат надлежните служби на телефонскиот број 193 за да се интервенира благовремено и да се спречи пожар од поголеми размери, се вели во апелот на Општина Гевгелија. им/дма/

Back to top button
Close
Close