Политички партии

Јанушев: Заев и СДСМ се махери само за затворање фабрики

Обновата пред секој дом, обновата во секој град доаѓа. Денес сме овде во Пробиштип, ги посетивме неколку фабрики меѓу кои и една конфекција. За жал она на што сме сведоци денеска е дека власта, криминално рекетарската банда на власт на Заев и на СДСМ се махери само во една работа, тие се махери за затворање фабрики.

Скопје, 11 февруари 2020

Обновата пред секој дом, обновата во секој град доаѓа. Денес сме овде во Пробиштип, ги посетивме неколку фабрики меѓу кои и една конфекција. За жал она на што сме сведоци денеска е дека власта, криминално рекетарската банда на власт на Заев и на СДСМ се махери само во една работа, тие се махери за затворање фабрики.

После 69 години работа, сведоци сме на затворање на „Тетекс“ во Тетово.

Она на што се посветуваме, она што го ветуваме пред вас граѓаните е тоа дека со многу работа, со многу труд без воопшто да се штедиме ќе ја донесеме обновата после 12-ти април во државата.

Нема да ветуваме брда и долини, ќе ветуваме реални работи пред вас граѓаните. А, што е реално? Реално е нашето ветување дека во следните четири години во периодот од 2020 до 2024 година ќе ја намалиме невработеноста под 10%. Ќе овозможиме зголемување на платите на сите за најмалку 25% или што би значело секој еден од вас да добие по негде околу 6.500 денари повеќе на платата. Ќе ги зголемиме пензиите за 20% или секој еден пензионер кој што е во пензија ќе земе негде околу 3.000 денари повеќе.

Го напуштаме концептот на прогресивниот данок, нешто што се виде дека како мерка е премногу избрзана. Но и мерка која што и покрај сите критики оваа криминално рекетарска банда на власт спротивно на сите нормални економски текови се обиде да го вметне во стопанството. Тоа ќе го напуштиме, ќе го вратиме назад рамниот данок и во самите први 100 дена истиот ќе го намалиме на 9%.

Обновата доаѓа после 12-ти април со многу работа, со многу труд ќе ја воздигнеме државата од ова мочуриште во кое што во моментов се наоѓа.

Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Таг
Back to top button
Close
Close