0_Македонија.ПорталПолитички партии

Јанушев: Заев бара брзи избори по цена на ширење на смртоносна зараза

Зоран Заев е исплашен човек кој што знае дека губи. Обземен од страв, Заев бара брзи избори по цена на ширење на смртоносна зараза. Заев е спремен да гази по трупови за да си ја зачува партиската фотелја.

Скопје, 19 мај 2020 – 

Зоран Заев остана сам во своите ставови и барања како политичар со намера да ртвува човечки животи, за да си ја продолжи партиската кариера!

Зоран Заев е исплашен човек кој што знае дека губи. Обземен од страв, Заев бара брзи избори по цена на ширење на смртоносна зараза. Заев е спремен да гази по трупови за да си ја зачува партиската фотелја.

Заев е исклучително нервозен и изолиран, единствен политичар кој што не води сметка за човечките животи! Зоран Заев посакува да го однесе народот на гиљотина со брзи избори среде пандемија! Обземен од страв од неминовниот изборен пораз, сака да ги жртвува животите на граѓаните само во обид за спас на својата кожа.

Играше ол ин со државата, играше ол ин со достоинството, сега сака да игра ол ин со животите на луѓето.

Заев бара избори во време на полициски час, бара избори додека границите се затворени, бара избори при десетици дневно новозаболени, бара избори при затворени фабрики и погони, бара избори без прочистен избирачки список, бара избори без протоколи за однесување. Заев бара избори, бидејќи се грижи единствено за себе!

Нервозата кај Заев е очигледна, тој знае дека губи, посакува среде најголемата жестина на смртоносната епидемија да организира некредибилни криминогени избори со мала излезност. Заев сака да организира избори кои ќе покосат човечки животи, и во тоа е единствен, изолиран и осамен. Дури и неговите сопартијци знаат дека кризата не е намалена и дека со тоа би се довеле во опасност граѓаните. Само Заев посакува избори по цена на броење на човечки жртви!

Ниту еден од условите за одржување на кредибилни избори не се исполнети! Заев не ги почитува ниту мислењата од ДИК, ниту од меѓународните набљудувачки мисии, ниту ги почитува релевантните медицински препораки. Без анализа и без реални параметри колку изборниот процес ќе предизвика нови жртви, нови заболени, без грижа за директно вклучените, гласачи, кандидати, членови на избирачки одбори, набљудувачи и итн.

54 изборни процеси во светот, од кои 21 во Европа се одложени, само Заев сака избори сега! Тоа повеќе не е ниту хибриден режим, тоа е болен авторитаризам!

Почитувани,

Заев е заминат во историјата и тој тоа го знае. Заев не може да одлучува за судбината на граѓаните. Заев е поранешен премиер кој што ќе остане запаметен како човек кој ги предал интересите на државата и нацијата, кој што ја девастираше економијата, и човек чија што политичка кариера ја завршува со барање за газење врз човечките животи и ширење на смртоносна зараза!

Почитувани,

Избори во јуни НЕМА ДА ИМА!  ВМРО-ДПМНЕ е различна, ВМРО-ДПМНЕ се грижи првенствено за здравјето на граѓаните.

Изборите ќе се случат кога ќе се намали односно ќе се нормализира здравствената криза, кога ќе се извршат вистински тестирања кои нема да покажуваат толку голем број на новозаразени. Ќе има избори кога нема да биде загрозено здравјето на граѓаните. Сите релевантни здравствени показатели велат дека тоа ќе се случи кон крајот на летото.

ВМРО-ДПМНЕ е сигурен победник на изборите. Но не по секоја цена, не по цена на ширење на заразата, не по цена на здравјето, и не по цена на вашите животи.

Новинарско прашање: Како ја толкувате уставната одредба за одржување предвремени избори во рок од 60 дена од распуштањето на Собранието ако се земе предвид дека 31 ден помина во изборни дејствија дали тоа значи дека остануваат уште 29 дена кои доколку не се продолжи вонредната состојба, истекуваат до крајот на јуни. Дали не мислите дека секое одложување би значело прекршување на овој уставен рок?

Новинарско прашање:Дали имате намера да ги повлечете вашите кандидатски листи и да не учествувате на изборите доколку Владата донесе уредба за избори на 21 јуни, без консензус на сите партии?

Новинарско прашање:За да се реализираат избори во август или септември, дали треба да се продолжува вонредната состојба до тогаш или независно од тоа, Владата да престане да носи уредби и да функционира како Пржинска Влада?

Одговор на новинарско прашање: Да не кажам дека го очекував ова прашање и  имам со мене и уредбата која што со законски сила ја донесе Владата поврзано со прашањата за изборниот процес. Ќе се обидам со еден поисцрпен одговор да дадам одговор на сите прашања. Точно е и многу е релевантно прашањето во однос на 60 дена рок за одржување на изборите од распуштањето на Собранието и мора да признаеме дефакто дека тој рок истече бидејќи Собранието дефакто се распушти на 16 февруари, 60 дена истекуваат негде 16 Април односно неколку дена после денот на кој што требаше да се одржат изборите. Се наоѓаме во една ситуација која што поради вонредната состојба, поради криза со корона вирусот едноставно и поинаку не можеме да постапуваме но уште еднаш ќе повторам да точно е тоа нема тука простор за толкување бидејќи таа е ситуацијата која што ја имаме и тотално не се согласувам всушност и правните експерти не го поткрепија зошто се зборуваше и на вчерашната лидерска средба во однос на ова прашање дека не може рокови кои што се регулирани со Уставот  на Република Македонија да зборуваме за нивно запирање или одлагање. Впрочем во самиот член 3 од уредбата со законска сила која што Владата ја донесе е наведено дека со денот на стапување во сила на оваа уредба се прекинуваат сите изборни дејствија за спроведување на изборите. И тука треба да правиме битна разлика помеѓу изборните дејствија, значи како дејствија, како активности од изборните пропишани со Устав закони, подзакони акти, рокови. Дотолку повеќе што било  што е пропишано во Уставот  не може да се менува, одложува, прекинува, стопира, паузира  со акт кој што е од пониска вредност од Уставот односно со устав законска уредба, со подзаконски акт итн. Но, уште еднаш ќе повторам да точно е тоа дека 60 дена се изминати. Од друга страна Владата не може со уредба со законска сила да го пропише денот на изборите зошто, бидејќи согласно став 1 од член 12 од изборниот законик јасно, прецизно и концизно без никакви двојби, нити потреби од толкувања како што некои љубат да кажат е пропишано дека претседателот на Собранието е единствениот кој што го пропишува односно определува датумот за изборите. Она што е битно а е  поврзано и со третиот дел од прашањето односно вонредната состојба е дека дури по поминување на вонредната состојба претседателот на Собрание треба да донесе измена и дополнување или ново решение каде ќе се определи новите датум на избори кој и да е тој и дури потоа тоа се доставува до државната изборна комисија, а државната изборна комисија врз основа на роковите точно и прецизно утврдени во изборниот законик изготвува роковник нов што всушност и е предвидено со самата уредба во еден дел кој  што ја донесе Владата. Имено во Членот 5 е наведено дека спроведувањето на изборните дејствија ќе продолжат од денот на претстанокот на вонредната состојба. Токму затоа за да се утврди новиот датум за избори, а бидејќи единствен кој тоа може да го направи е претседателот на Собранието, треба да донесе решение со кое што ќе го утврди. А впрочем од самата уредба во членот 6 понатаму вели дека  се задолжува ДИК во рок од еден ден од денот на престанокот на вонредната состојба, значи од кога ќе се случи ова дејствие ќе донесе нов роковник согласно законските рокови предвидени во Изборниот законик. Така да доколку го имаме сето ова во предвид, ако имаме во предвид мислењето кое што го даде ДИК како тело со сите негови членови, всушност и минатите неколку денови видовме и повеќе од членовите на ДИК кој што го образлагаа ова во нашите медиуми е дека 22 дена е практично невозможно и спротивно на изборен закон да се организираат изборите. Така она што го гледаме вчера и она што го гледаме во меѓувреме до овој момент во однос на што го прават СДСМ и Зоран Заев е тотално несериозно да не речам дури и шарлатански.

Новинарско прашање: Што ако нема консензус помеѓу партиите за избори и на избори се оди на средината на јуни според уредбата со законска сила, дали ВМРО-ДПМНЕ ќе ги бојкотира изборите?

Одговор на новинарско прашање: Можеби не директно, но во ова што кажав сепак дадов одговор бидејќи прво е спротивно на закон, Владата со уредба да го направи тоа. Тоа е невозможно, не може да се случи такво нешто или еве ако се случи да решат да одат нели на сила, таа уредба таква би била оспорена и таа не би можела да го види светлото на денот. Повлекувањето на кандидатските листи во овој момент не е возможно бидејќи тоа е завршено дејствие, процесно дејствие согласно изборниот законик и како такво значи е веќе завршена работа и нема начин на кој што тоа би се направило. Во однос нели на последното прашање, во однос на можноста за нели бојкотирање на изборите, уште од првата средба кај претседателот Пендаровски сите политички партии, сите чинители кои што бевме таму присутни се договоривме и дадовме збор, што и да се случува во однос на следните решенија, дека тоа ќе биде со консензус. Јас без разлика на оваа шарада и игра која што ја гледаме од Заев, па поставување на ултиматуми, некакво покажување на сила, веројатно во очаен обид да си ги охрабри своите во партијата е дека на крајот на денот сепак порано или подоцна се уште се надевам дека ќе најдеме начин како да договориме кој ќе биде датумот за избори, и дека тоа всушност ќе биде со консензус. И кога сме веќе овде би морал само уште една работа да напоменам дека буквално сите политички чинители кои што беа присутни таму со исклучок на Заев се за изборите да бидат нешто подоцна летово, а не во јуни. Значи човекот е буквално сам осамен во своите барања и ако сака да постигне консензус не гледам како може да иде со глава во ѕид против сите.

Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close