Политички партии

Јанушев за изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ

Ова се само дел од проектите, набргу од денес ќе ја промовираме и нашата програма која што ќе биде ветување, завет пред граѓаните на Република Македонија во овој четиригодишен мандат, дека тоа што ќе го ветиме и ќе го испорачаме, нагласи Јанушев.

19 јуни 2020

Соопштение

Денес, Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборната единица 3, Игор Јанушев оствари посета на Зелениково, Петровец и Илинден заедно со кандидатите за пратеници Верче Мицевска и Марија Петрушевска.

– Денес како припрема за кампањата за претстојните избори бев во посета на општините Зелениково, Петровец, Илинден. Овде сум со кандидати за пратеници за изборната единица 3, г-ѓа. Верче Мицевска и Марија Петрушевска“, посочи Јанушев.

Јанушев додаде дека заедно со целиот тим на изборната единица 3, ВМРО-ДПМНЕ ќе издвојува една голема победа. Заедно со тимот ќе ја донесат обновата на Македонија.

„Заедно со овие луѓе ќе се бориме и ќе оствариме повисоки плати и повисоки пензии. Ќе го вратиме рамниот данок и многу дополнителни даночни олеснувања. Нашето ветување се 4 милијарди евра домашни и странски инвестиции“, појасни Јанушев.

Јанушев истакна дека по победата на ВМРО-ДПМНЕ, ќе има обнова на фасадите каде што државата ќе земе 50% учество, гасификација буквално за секој дом во четиригодишниот мандат и тоа со бесплатен приклучок за секое домаќинство. Но не треба да се заборави дека Македонија ќе има 4 нови Клинички центри на територијата на Република Македонија.

„Ова се само дел од проектите, набргу од денес ќе ја промовираме и нашата програма која што ќе биде ветување, завет пред граѓаните на Република Македонија во овој четиригодишен мандат, дека тоа што ќе го ветиме и ќе го испорачаме“, нагласи Јанушев.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

_________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close