0_Македонија.ПорталДописници МКДПарламентарни избори 2020ПолитикаПолитички партии

Јанушев од Чешиново-Облешево:Наместо за земјоделците, Љупчо Николовски се грижи за личните интереси

На овие избори СДСМ сам ќе падне од власт, затоа што ништо не направија за граѓаните, ниту за земјоделството, а тоталното игнорирање, негрижата и незалагањето за земјоделците е одлика на оваа партија и на Љупчо Николовски, истакна носителот на кандидатската листа на коалицијата „Обнова на Макеоднија“ во третата изборна единица, Игор Јанушев при денешната посета на општина Чешиново-Облешево.

Кочани, 6 јули 2020 (МИА) – На овие избори СДСМ сам ќе падне од власт, затоа што ништо не направија за граѓаните, ниту за земјоделството, а тоталното игнорирање, негрижата и незалагањето за земјоделците е одлика на оваа партија и на Љупчо Николовски, истакна носителот на кандидатската листа на коалицијата „Обнова на Макеоднија“ во третата изборна единица, Игор Јанушев при денешната посета на општина Чешиново-Облешево.

– Разговаравме со оризопроизводителите за нивните проблеми и она што го слушнавме е огромната запоставеност и негрижа што ја добиваат од оваа власт. Што друго може да очекуваат од човек како Николовски. Човек што само после година дена избега од министерството, и се сокри позади партиската функција. Нашите приоритети за третата изборна единица ќе бидат инвестициите во земјоделието за да имаме еден среќни и горди земјоделци кои ќе живеат еден нормален и достоинствен живот, истакна Јанушев.

Тој повика од СДСМ да посочат барем еден проект, не само во земјоделството, со кој што можат да се пофалат.

-Нека кажат нешто што сами го направиле, го смислиле, го финансирале или барем го започнале. За жал, такво нешто не постои. Ова се убедливо најнеспособните луѓе, еден од тие најнеспособни е токму Љупчо Николовски. Тоа е човек кој нема ништо направено за државата, единствено е што тој и другите од СДСМ мислат на своите лични интереси. И токму затоа и ќе паднат, потенцираше Јанушев. та/цр/

Back to top button
Close
Close