Политички партии

Јанушев: Наместо да решава проблеми на граѓаните, криминално рекетарската банда на Заев шири антисемитизам

Мизеријата на криминално-рекетарската банда на Заев продолжува, после се она што го видовме со случувањата последните денови во Собранието. Продолжувањето со ширење на шовинизам и антисемитизам, дополнително го поделуваат македонското општество и ова не е затоа што ВМРО-ДПМНЕ го кажува туку ова е ставот на граѓаните.

Скопје, 15 февруари 2020 

Денеска сме во посета на општината Чешиново-Облешево, ги посетивме населените места Соколарци и Облешево, разговаравме со граѓаните, разговаравме со земјоделците пред се. Но, она што овие денови ја тишти цела Република Македонија се токму овие последни случувања и она што го кажав пред малку што е всушност ставот на граѓаните.

Имаме да порачаме дека за сите овие злодела, за се ова што го прават ќе одговараат. 12-ти април е денот којшто доаѓа за нешто повеќе од 50-тина денови од денеска, народот си доаѓа по своето и народот ќе ја казни оваа криминално-рекетарска банда на власт. А сите оние коишто се огрешија, сите оние коишто придонесоа за уништување на македонската држава ќе одговараат после 12-ти април.

Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

_________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close