0_Спорт.ПорталДописници МКДОпштински вестиФудбал

Антонио Илиески и Игор Алексовски нови играчи на ФК Ренова

 ФК Ренова информираше дека на нивната екипа се приклучуваат двајца нови фудбалери.

Тетово, 14 јуни 2021 (МИА) –  ФК Ренова информираше дека на нивната екипа се приклучуваат двајца нови фудбалери.

Антонио Илиески, дваесет и петгодишниот одбранбен играч, во ФК Ренова доаѓа од ФК Кораб Дебар каде ја помина минатата сезона.  Досега покрај за Гостивар и Кораб, Илиески играл за Еуромилк и Македонија Ѓорче Петров од Скопје, како и за Тиквеш од Кавадарци.

Во тимот од тетовско Џепчиште доаѓа и голманот Игор Алексовски, роден 1995 година. Алексовски настапуваше за Шкупи, а претходно бил член на Вардар и Македонија Ѓорче Петров. ас/хс/

Back to top button
Close
Close