ЕвропаЕвропа.ПорталСвет.Слајдер

Антирасистички протест во Рим

На плоштадот во Рим денеска излегоа илјадници демонстранти на првиот голем протест против расизмот, носејќи заштитни маски и држејќи транспаренти на кои пишуваше „Црните животи се важни“ и „Тоа е Бел проблем“.

Рим, 7 јуни 2020 (МИА) – На плоштадот во Рим денеска излегоа илјадници демонстранти на првиот голем протест против расизмот, носејќи заштитни маски и држејќи транспаренти на кои пишуваше „Црните животи се важни“ и „Тоа е Бел проблем“.

Демонстрантите, претежно млади, од кои некои беа со деца или помлади сестри и браќа, во еден момент клекнаа со кренати тупаници во знак на солидарност со оние што се борат против расизмот.

– Жално е што во 21 век луѓето со други бои на кожата се третираат како лепрозни, изјави 26-годишниот Абдул Насир од Гана, кој е во Рим за магистерски студии по бизнис менаџмент. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close