БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Јанша ги смени првите луѓе на словенечката полиција, војска и разузнавачките служби

Само неколку часови откако ја презема премиерската функција, Јанез Јанша ги смени првите луѓе на словенечката полиција, армија и разузнавачките служби.

 

Љубљана, 14 март (МИА) – Само неколку часови откако ја презема премиерската функција, Јанез Јанша ги смени првите луѓе на словенечката полиција, армија и разузнавачките служби.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, сменета е директорката на полицијата Татјана Бобнар, а на нејзино место е именуван Антон Травнер. Досегашниот началник на Генералниот штаб на армијата Аленко Ерменц си заминува од позицијата, а ќе го наследи Роберт Главаш.

Трет во првиот бран промени е и директорот на Безбедносно-разузнавачката служба Дејан Милиевич, а на таа позиција веднаш именуван Андреј Осолник.

Новите министри денеска имаат состаноци со оние кои заминуваат и практично ги превземаат кабинетите и функциите. ав/

Back to top button
Close
Close