ЕвропаЕвропа.Портал

Анкета: Швеѓаните сè помалку ѝ веруваат на власта во борбата против Ковид-19

Се намалува довербата на Швеѓаните во способноста на Владата и Агенцијата за јавно здравје да реагираат на пандемијата на новиот коронавирус, во момент кога постои загриженост поради високата стапка на морталитет во земјата, покажуваат резултатите од денеска објавените истражувања на јавното мислење.

Стокхолм, 4 јуни 2020 (МИА) – Се намалува довербата на Швеѓаните во способноста на Владата и Агенцијата за јавно здравје да реагираат на пандемијата на новиот коронавирус, во момент кога постои загриженост поради високата стапка на морталитет во земјата, покажуваат резултатите од денеска објавените истражувања на јавното мислење.

Првично, граѓаните ја поддржуваа одлуката да не се воведува карантин во Шведска, што не беше случај во многу европски земји, но претходните недели се заострија критиките поради високата стапка на смртност од коронавирус во Шведска во однос на другите нордиски земји, особено меѓу повозрасната популација.

Според анкетата на Новус, спроведена за телевизијата СВТ, процентот на оние со висока или разумно висока доверба во способноста на Владата да одговори на пандемијата се намали на 45 отсто овој месец, а во април изнесувал 63 отсто.

Исто така, е намалена довербата и во шведската Агенција за јавно здравје, која ја предводи кампањата за физичко дистанцирање и хигиенски мерки, од 73 на 65 отсто.

Бројот на починати лица во Шведска, кој изнесува над 4.500 лица, е многу поголем отколку во Норвешка, Данска и Финска заедно. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close